Турските власти денеска привремено ги забранија сите јавни собири во трите најголеми турски градови и објавија дека од почетокот на бранот протести низ Турција се уапсени 1.133 демонстранти.
„Уапсени се 1.133 осомничени во врска со незаконски активности извршени меѓу 19 и 23 март 2025 година“, потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на мрежата X.
Во меѓувреме, турската опозиција, охрабрена од масовните протести ширум земјата поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изрази надеж дека ќе се задржи замавот на незадоволство кај граѓаните.
Приведени девет новинари во Турција поради известување за апсењето на Имамоглу