Повеќе од 1.000 затвореници ги гаснат пожарите во Калифорнија

45
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле на гаснење на пожарите во текот на ноќта, соопшти Управата за затвор и рехабилитација.

Затворениците се приклучија на доброволна програма за заштита и гаснење пожар, која работи со Калифорниската противпожарна служба, пренесува NBC News.

Шумските пожари предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија, оставајќи повеќе од 70.000 енергетски корисници без струја, пренесува Танјуг.

Компанијата Soutern Kalifornia Edison иницираше протокол за прекин на електрична енергија (POP) за заштита на општините.

Според нивните податоци, повеќе од 3.000 вработени се ангажирани во обновувањето на електричната енергија и отстранувањето на опасностите од теренот.

ИЗДВОЕНИ