Повеќе лица се повредени во пукање во болница во Пенсилванија – вооружениот напаѓач е мртов

18

Повеќе луѓе се повредени денеска во пукање во болницата Меморијал во округот Јорк, Пенсилванија, додека напаѓачот е убиен, соопшти локалната полиција.

Осомничениот почнал да пука во болницата околу 10:30 часот по локално време, а полицајците од полициската управа во Западен Јорк возвратиле, објави ABC News.

Инспекторите моментално го третираат пукањето како поврзано со семејно насилство, но предупредуваат дека истрагата е во рана фаза.

Мажот кој почнал да пука се обидел да се забарикадира во болницата, а според првичните информации се верува дека починал од прострелна рана што си ја нанел самиот од огнено оружје.

Официјални лица во болницата Јорк Меморијал изјавија дека нема повредени пациенти во пукањето и дека напаѓачот е мртов, пренесе АП.

Според соопштението од болницата, полицијата се уште е во  болничите простории.

ИЗДВОЕНИ