Потврдена е причината за смртта на Лијам Пејн

47
EPA-EFE/IAN LANGSDON

Поранешниот член на One Direction трагично загина во октомври по пад од тераса на хотел во Аргентина, а оттогаш се шпекулира што довело до тоа.

Лијам Пејн бил сам во својата соба во моментот на смртта, а токсиколошките тестови подоцна утврдиле дека бил под дејство на психоактивни супстанци.

Поради овој случај бил прегледан целиот персонал на хотелот, а сега е потврдено дека причина за смртта е „политраума“, што значи дека лицето се здобило со повеќе повреди на телото.

Истрагата за неговото убиство главно е фокусирана на тоа кој го снабдил со кокаин, а на сослушување е повикана и неговата девојка, инфлуенсерката Кејт Кесиди.

Засега нема сомнеж дека таа е на било кој начин вмешана во овој случај, но полицијата сака да го провери секое лице кое било во контакт со Лијам заради истрагата, а Кесиди ќе биде сослушана наскоро, објави Њујорк пост.

ИЗДВОЕНИ