Потрошувачите во Романија денеска беа повикани да ги бојкотираат супермаркетите, бидејќи се соочуваат со највисока инфлација во Европската унија, а на тоа повикаа и во Бугарија в четврток.
Во Романија на бојкот повика екстремната десница. Вакво зголемување на цените е неприфатливо“, рече поранешниот претседателски кандидат Калин Георгеску во видео на Фејсбук.
Во Бугарија, каде што инфлацијата скокна за 15 проценти во 2022 година, за четврток е планиран бојкот на барање на различни организации.
„Да им покажеме на трговците на 13-ти февруари дека има гневно граѓанско општество“, им рече на новинарите поранешниот пратеник и поранешен бугарски амбасадор во Хрватска и повика на ограничување на цените на основните прехранбени производи.