Потрошувачите имаат моќ да одлучат кога и на што ќе ги трошат своите пари: Во Словенија повеќедневен бојкот на маркетите

53

Во Словенија во тек е бојкот на купувачите во одредени трговски центри и супермаркети, кој ќе трае до 2 февруари, по што се повикуваат граѓаните да продолжат со бојкотот на другите трговски ланци од 3 до 9 февруари.

Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија следува по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени фактури е намален за цели 53 отсто.

„Бојкотите се легитимен и гласен израз на незадоволство. Бојкотирањето на непотребните набавки може да испрати силна порака до трговците на мало за важноста на пристапноста и правичните цени“, соопшти Здружението на потрошувачи на Словенија (ЗПС).

Тие посочија дека „секако е исправно потрошувачите на соодветен начин да го изразат своето незадоволство“.

„На крајот на краиштата, тие имаат моќ да одлучат на кого и на што ги трошат своите пари“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија.

Според податоците на Заводот за статистика на Словенија (СУРС), луѓето сега треба да плаќаат во просек 44 отсто повеќе за храна отколку пред десет години. Растот на цените е малку забавен во последната година.

„Цените на храната во 2024 година во Словенија пораснаа за два отсто во однос на 2023 година и треба да се нагласи дека овие цени ги споредивме со цените од почетокот, кои беа драстично пониски“, изјави Марија Лах, претседател на Стопанската комора на Словенија ( ТЗС).

Таа нагласи дека поскапувањето на храната кај словенечките трговци е помало од просекот на Европската Унија.

ИЗДВОЕНИ