Од утрово почна бојкот на маркетите поради високите цени на производите што се најавуваше изминатите денови, а според она што го забележа објективот на фоторепортерите на весникот Вечер и vecer.press, различна е фрекфенцијата на купувачите во маркетите. Во дел од маркетите имаше купувачи, но во помал број, во други пак, немаше никој…
Бојкотот на маркетите е само аларм, порака за трговците, кои енормно ги зголемија цените, а според експертите за поголеми ефекти треба да трае подолго од еден ден.
Бранот на незадоволство на граѓаните поради зголемените цени на производите се прошири кога хрватските граѓани минатата недела ги бојкотираа продавниците на еден ден. Ова го намали прометот на малопродажните ланци за 40%.
Фото: П. Стојановски