Потрошила 11.840 евра на 160 тетоважи и нема намера да престане

35

Инфлуенсерката и уметничка за тетоважи, Брукел Бомбшел (31) од Балтимор, САД, откри дека „оди по целосен костум“ за да го додаде на своите 160 тетоважи кои досега ја чинеа околу 11.840 евра.

Првата тетоважа ја направила на 18 години и на раката го напишала зборот „Монструм“. Тогаш немала поим дека ова е почеток на нејзината долгогодишна љубовна врска со мастилото и иглите, пишува Дејли Стар.

Таа ги објави плановите да го покрие целото тело со тетоважи на Тик Ток. „Работев на тоа во последните 14 години, се тетовирам барем еднаш месечно“, вели таа.

“Моето семејство ги прифати, не ме осудуваат според мојот изглед. Сепак, мајка ми секогаш прашува ‘дали навистина завршив сега?”, додаде Бомбшел и откри какви биле реакциите на јавноста.

“Реакцијата на јавноста зависи од локацијата. На пример, во повеќето места во САД луѓето се ужаснуваат. Додека на Хаваи добивам комплименти и луѓето таму се чини дека ги привлекуваат моите тетоважи. Особено оние на мојата глава или лице.”

Бомбшел откри дека луѓето постојано се вртат и и поставуваат глупави прашања, но не и е грижа.

„Луѓето имаат тенденција да зјапаат или да поставуваат глупави прашања како „Зошто и Дали ме боли“ Не се грижам за туѓите мислења“, истакна таа.

Бомбшел моментално работи на тетовирање на очните јаболкници и тврди дека не планира да престане. “Веројатно ќе продолжам додека не умрам. Се работи за ритуал и еволуција”, објасни таа.

ИЗДВОЕНИ