Потресно сведоштво на наставничката од Рибникар! Сè се случи за две минути, лежев ранета и гледав во бледото лице на момчето кое лежеше неподвижно

1017
Немав поим што се случува… Ми се чинеше дека траеше многу време, но всушност се се случи во две минути, изјави на денешното судење на семејството Кецмановиќ, професорката по историја Татјана Стевановиќ, која беше тешко ранета од момчето убиец Коста.К. на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар.

Татјана Стевановиќ денеска се огласи во граѓанската постапка што ја поведе против Владимир и Миљана Кецмановиќ за надомест на нематеријална штета. Таа рече дека 3 мај бил обичен ден, како и секој друг и дека била во училница на час.

– Кон крајот на часот слушнав нешто во ходникот, мислев дека се петарди. Мислев дека се осмоодделенци што слават нешто. Мислев дека нашиот Драган, чуварот ќе го реши тоа, но во еден момент вратата се отвори, а јас стоев странично покрај столот и тогаш ме погоди куршум. Не знаев што се случува… или кој пука, но ги слушнав детските врисоци. Паднав и слушнав дека пукањето се уште трае. Не знаев што се случува. Ја губев свеста – рекла Татјана.

Повредената наставничка изјавила дека додека лежела видела бледо момче кое лежи неподвижно.

-Мало девојче дојде кај мене да се сокрие. Потоа слушнав дека влезе професорот по географија и дека едно од децата кажало дека Коста пукал. Не можев да го разберам. Времето ми се губи, не можам да фатам некои сегменти. Ја видов мојата крвава рака и дека некој го проверува мојот пулс. Ме ставија на носилка додека ме вадеа, во ходникот видов две девојчиња на подот – рече наставничката по историја и објасни дека куршумот што ја погодил поминал на милиметар од аортата и дека ќе била мртва ако таа била погодена.