Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој и самиот заврши во болница по трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани, за иницијативата „Поддржи го Кочани“ раскажа потресителни детали од својот подвиг во кој спаси над 20 животи.
Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.