Во пожар во новосадската населба Салајка, загина целото семејство, четири деца на две, четири, пет и седум години и нивните родители.
Таткото на повредената жена, која живее веднаш до нив и ги дели само ѕид, слушнал лелек, истрчале надвор, ја скршиле вратата, но не успеале да го спасат семејството, пожарот бил голем.
Тие со секира и чекан се обиделе да го пробијат ѕидот за да го извлечат семејството од пламените јазици, но за жал, на петчленото семејство немало спас.
Според првите фотографии, пожарот зафатил неколку објекти.
Како што пренесува Нова.рс, соседите се сомневаат дека пожарот настанал од електрична инсталација, односно дека се запалила батеријата на електричниот велосипед кој бил на полначот.
Како што соопшти полицијата, во пожарот во Нови Сад, кој избувна синоќа околу 3 часот по полноќ, додека семејството спиеле во куќата, загина шестчлено семејство. Настрадаа родителите Д.А.(29), М.С.(23) и четири деца на возраст од 7, 5, 4 и 2 години.
НЕЗАПАМТЕНА ТРАГЕДИЈА ВО НОВИ САД: Родители и четири деца настрадаа во пожар во нивната куќа/ФОТО