Потребно е ново поврзување на Чаир и Шуто Оризари, проширување на бул. „ Џон Кенеди“…

1910

Потребно е да се направи ново поврзување на Чаир и Шуто Оризари, со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, но и да се прошири булеварот ,,Џон Кенеди”. Воедно, во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Град Скопје би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала.

Ова било констатирано при посетата на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на општина Шуто Оризари, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Ѓорѓиевски нагласи дека се потребни и уште многу проекти кои како што рече, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност.

-Луѓето од левата страна на Скопје имаат сериозни проблеми и предизвици. Во мене тие секогаш ќе најдат поддршка и подготвеност за помош. Скопје повторно ќе биде горд град – изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски и Ганиу се сретнале со граѓаните, како и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и  претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина, Ерџан Демир. Заеднички дискутирале и за подготовката на проектите за претстојниот втор повик од Владата за обезбедување на средства за инфраструктурни проекти.

 

 

ИЗДВОЕНИ