Потребни се средства за фрескоживописот на црквата „Света Лидија Македонка“  

126

Од здружението „Одбор на црквата „Света Лидија Македонка“ апелираат до верниците да донираат средства за фрескоживописот во цркват која се грди во населбат Ченто. Проектот ќе чини околу 55.000 евра и ќе се реализира во неколку фази, во зависност од средствата кои ќе се соберат.

Доброволниот прилог може да се донира на сметка на храмот:  Ж.С 270-0748507701.12, цел на дознака: донација за фрескоживопис или пак лично во храмот.

Црквата „Света Лидија Македонка“ почна да се гради во 2013 година.  Доизградбата продолжи во 2020 година, а во моментов ктитор е Тоне Димковски со здружението  „Одбор на Света Лидија Македонка”.