Потрагата по 3.годишното девојче се шири кон Сисак: По апсењето на мајката, сослушан и таткото!

534
Фото: Facebook Hrvatski Crveni križ/Croatian Red Cross

Продолжува потрагата по тригодишното девојче кое два дена е исчезнато во реката Сава во Загреб.Од денеска истражувачките тимови ќе ја прошират потрагата и на округот Сисак-Мославина.

Хрватските медиуми пишуваат дека спасувачките тимови, вклучително и полицијата, пожарникарите, Хрватската национална служба за спасување и хрватскиот Црвен крст, го пребаруваат коритото на реката со помош на чамци, дронови и подводни скенери.

Полицијата ја отфрли можноста дека се работи за несреќен случај, поради што вчера и официјално беше уапсена 34-годишната мајка на девојчето и е осомничена за кривично дело тешко убиство на блиско лице. Се наведува дека и сопругот бил сослушан во полиција.

Потрагата по 3.годишното девојче во Сава продолжува: Зошто мајката влегла со ќерката во реката, па ја повикала полицијата?

 

ИЗДВОЕНИ