Во КСП Центар „Јадро“ беше промовирана сликовницата „Потрага по храброст“ од авторката Биљана Стојановска со илустрации на уметникот Владимир Лукаш.
Сликовницата е во издание на „Чудна шума“. Jа промовираше Билјана Црвенковска, а извадоци читаа младите читатели Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6). Промоцијата се заокружи со музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш и Биљана Стојановска.
– „Потрага по храброст“ е сликовница која зборува за потрагата по храброст и самодоверба, наменета за најмалите читатели. Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст, објаснуваат од „Чудна шума“.