Потпретседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Роберт Рид, поднесе оставка од функцијата, поради суштинско прекршување на стандардите на организацијата за управување со мотоспортот.
Тој беше клучен член на лидерскиот тим на претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем. Но, се скарале поради серијата контроверзии околу Бен Сулејем, објави Би-би-си. Тој рече дека е крајно загрижен поради тоа што се носат критичните одлуки без соодветни процеси и консултации.
- Кога ја презедов оваа улога, требаше да им служам на членовите на ФИА, а не на овластувањата. Со текот на времето, бев сведок на ерозија на принципите што ветивме дека ќе ги почитуваме. Одлуките се носат зад затворени врати, заобиколувајќи ги самите структури и луѓе за кои постои ФИА – истакна Рид во соопштението.