Потпорните ѕидови на водотекот Голем Дол ќе штитат од поплави     

29

Проектот опфаќа 830 метри заштитно корито, со потпорни ѕидови високи 1,4 метри, и ќе му стави крај на стравот од надојдени води.

– Овој проект не е само обична инфраструктура туку и заштита на домовите и на земјоделските поседи, спокој на семејствата и вложување во поквалитетен живот. Ова не е политички проект, ова е реален проект за луѓето што живеат тука – изјави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити

 

Во липковското село Оризари денеска почна изградбата на цврсто, безбедно и трајно речно корито на водотекот Голем Дол, кое ќе го штити населеното место и ќе го промени секојдневието на жителите во годините што претстојат.

Градежните работи ги најави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Со инвестиција вредна 15 милиони денари, целосно обезбедена од Министерството за животна средина и просторно планирање, проектот опфаќа 830 метри заштитно корито, со потпорни ѕидови високи 1,4 метри, и ќе му стави крај на стравот од надојдени води.

– Овој проект не е само обична инфраструктура туку и заштита на домовите и на земјоделските поседи, спокој на семејствата и вложување во поквалитетен живот. Ова не е политички проект, ова е реален проект за луѓето што живеат тука – изјави Меџити.

Тој додаде дека заштитните ѕидови ќе бидат обложени со камен, не само за стабилност туку, како што кажа, и за естетска вредност.

– Оризари ќе биде не само побезбедно туку и поубаво место за живеење – нагласи Меџити.

Министерот потенцираше дека овој проект е дел од севкупната стратегија на Министерството за животна средина и просторно планирање, која опфаќа финансирање на општинските иницијативи за водоснабдување, канализациски системи, третман на отпадните води и други мерки за заштита од поплави.

ИЗДВОЕНИ