Многу млади фудбалери сонуваат да играат во англиската Премиер лига, особено оние кои имаат несигурна финансиска состојба бидејќи сакаат да си обезбедат прво егзистенција, а потоа и луксуз.
Првиот договор со еден од англиските гиганти значи дека животот се врти за 180 степени бидејќи наеднаш на сметките се појавува огромна сума на пари, која обично ги менува луѓето.
Така беше и со Серж Гнабри, денес еден од најдобрите крилни играчи во светот. Германецот моментално е член на бундеслигашот Баерн (М), а со сениорскиот фудбал почна да се занимава во лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
Уште додека играше во Арсенал се сети на советите на мајка си, кои и ден денес ги памети бидејќи го почувствува значењето на познатата народна поговорка: Кој лета високо, ниско паѓа.
Фудбалерот чија мајка е Германка, а чиј татко е од Брегот на Слоновата Коска почнал да троши неограничени суми на пари од својот прв договор со Арсенал, за потоа да ги добие златните совети од неговата мајка.
„Се сеќавам кога дојдов во првиот тим на Арсенал, почнав да ги трошам моите пари на толку многу непотребни работи, што не можете да се справите со тоа. Чанта од 800 евра, скапа облека, гламур…“
Мајка ми мораше да седне и да ми каже: „Синко, знаеш дека ова можеби нема да биде вечно“. Не може така да ги трошиш парите. Треба да заштедиш и да се ограничиш малку, бидејќи сите во одреден момент паѓаат“.
„Неколку недели по тој разговор паднав и бев на дното. Го повредив коленото и не можев ништо да сторам околу осум месеци, извесно време бев замрзнат“.
“Кога конечно се вратив на теренот, не можев да продолжам во Арсенал. Одеднаш заминав на позајмица во Вест Бром и бев фрустриран. Затоа денес го слушам секој совет што ми го даде мајка ми”.
По тешката повреда, денеска 29-годишната Гнабри, успеа да се опорави. Во Германија се врати потпишувајќи за Вердер, а добрите игри ги наплати со трансфер во редовите на најтрофејниот германски клуб Баерн (М).
Крилниот напаѓач е седум години е член на Баварците, стана и редовен репрезентативец на Германија и дефинитивно не е истиот фудбалер како пред десет години кога играше за Арсенал.