понеделник, март 10, 2025
Дома МАКЕДОНИЈА Потпишани указите за отповикување на девет амбасадори

Потпишани указите за отповикување на девет амбасадори

62

Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.

Во согласност со донесените укази, се отповикуваат:

Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево;

Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, со седиште во Стокхолм;

Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург, со седиште во Брисел;

Агнеза Руси Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, со седиште во Софија;

Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага;

Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена;

– Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора, со седиште во Подгорица; и

Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон.

Исто така, претседателката Сиљановска-Давкова донесе Указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, поради завршување на мандатот.

Во согласност со донесените укази, должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година, соопштуваат од Кабинетот.

ИЗДВОЕНИ