Постот може да биде и уживање: Посна пита со јаболка, поинаква и сочна како од кујната на баба

52
Foto: Pexels

Постот не мора да биде измачување и копнеење по храната која овие денови не смеете да ја консумирате, ако сте меѓу оние кои по сите правила се оддале на постење.

Ако ги знаете вистинските рецепти, може да уживате во речиси секој ден од Великиот пост, па за почеток направете ја оваа посна пита со јаболка. Мека и сочна, како од кујната на баба.

Состојки:

500 гр кора за пита
1 кг јаболка
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
една лажичка цимет
100 гр гриз
100 гр масло
100 ml минерална вода
шеќер во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете ги и изрендајте ги јаболката, а потоа додадете шеќер и цимет. Добро измешајте. Едната кора намачкајте ја со масло и посипете со гриз. Одозгора ставете ја втората кора и исто така премачкајте ја со масло и посипете со гриз. a На третата кора нанесете дел од подготвените јаболка, па сè заедно расукајте во ролат.

Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Наредете ги ролатите во намрсен плех. Потоа премачкајте ги со масло и прелијте ги со минерална вода. Се пече околу 40 минути, во рерна загреана на 180 степени. Изладената пита посипете ја со шеќер во прав.

ИЗДВОЕНИ