Постојат докази дека Боре Видевски бил на работа кога се случиле убиствата на Панче и Вања, тврди неговиот бранител Бојан Манев

529

Постојат докази дека обвинетиот Боре Видевски за време на критичниот период во кој се случуваат убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска бил на работа и тој исказ е даден во Обвинителството уште на 21 декември 2023 година, тврди бранителот на Видевски, Бојан Манев, по денешното рочиште на кое обвинетиот Боре Видевски одговараше на вкрстените прашања на неговата одбрана и Обвинителството.

– Обвинетиот Боре Видевски не учествувал во ниту еден од двата кривично-правни настани. Зошто го тврдам тоа? Доколку го земете фактот дека Обвинителството досега пријави три моменти кои укажуваат на случување на кривично-правниот настан, убиството на Панче Жежовски. Најпрво кога бевме во Обвинителство на ден 21 декември 2023 година, како време на случување на убиството на Панче Жежовски е вечерта на 22 ноември. Во обвинение е ставено девет часот сабајле на 22 ноември 2023 година, меѓутоа исказот на Велибор Манев кажува дека е на 23 ноември, исто така, сабајле, рече адвокатот.

Според него, грешка на Обвинителството е тоа што не ги дозволило снимките кои ги посочил сведокот Гоце Трајковски во неговиот исказ.

– Обвинителството згреши во една работа, односно што не ги дозволи снимките кои ги спомна сведокот Гоце Трајковски во неговиот исказ, којшто ги виде цела Македонија, од бензиската станица Лукоил во близина на Велес. Доколку ги погледнете тие снимки внимателно, ќе видите дека тие снимки се од 12 часот на 22 ноември 2023, што значи во тој момент Панче Жежовски е жив, бидејќи се гледа на самите снимки, рече адвокатот.

Боре каратистот негира се што призна Велибор: Ме натераа да ја потпишам изјавата!

ИЗДВОЕНИ