Постигнат историски мировен договор во Газа

580
Фото:EPA-EFE/ABIR SULTAN

Преговарачите денеска постигнаа повеќефазен договор за ставање крај на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави извор запознаен со разговорите, по 15-месечната војна која однесе десетици илјади животи и ја претвори палестинската енклава во урнатини.

Договорот, кој сè уште не е официјално објавен, предвидува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас во замена за Палестинците приведени во Израел, изјави израелски претставник. Во првата фаза ќе бидат ослободени 33 израелски заложници – жени, деца и мажи на возраст над 50 години.

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха, на која потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари.

ИЗДВОЕНИ