Овие рампи се изведуваат на новиот мост на улицата „Љубљанска“, кој ќе ги поврзува Карпош 4 и Скупи.
– Мостот се прави со пари од ТАВ, но иако беа проектирани велопатеки на него, никогаш не беше обелоденето дали ќе се изведат и рампи наменети за поврзување на нивоата на кејот. Такви рампи се очекувани по сите прописи, но речиси ниту еден мост во Скопје нема доволно широки рампи со адекватна косина на сите четири страни – велат од „На точак“ и очекуваат да има вакви рампи и на новиот мост „Генерал Михајло Апостолски“ (кај хотелот „Русија“ во Аеродром), како и на секоја локација каде што недостигаат
По повеќе од 10 години, конечно се поставени нови пристапни рампи на кејот од Вардар. Оваа вест ја пренесоа група нентузијасти од „На точак“, со цел подобро велосипедско Скопје. Тие го поздравија овој потег на градските власти, надевајќи се дека тие (најверојатно) се поставени по пристоен агол и се со добра широчина, но и дека ги поврзуваат горното и долното ниво, а со тоа и велосипедската инфраструктура на булеварското ниво со патеката на кејот.
Овие рампи се изведуваат на новиот мост на улицата „Љубљанска“, кој ќе ги поврзува Карпош 4 и Скупи.
– Мостот се прави со пари од ТАВ, но иако беа проектирани велопатеки на него, никогаш не беше обелоденето дали ќе се изведат и рампи наменети за поврзување на нивоата на кејот. Такви рампи се очекувани по сите прописи, но речиси ниту еден мост во Скопје нема доволно широки рампи со адекватна косина на сите четири страни – велат од „На точак“.
Оттаму се надеваат дека ова е само почеток и дека ќе се поправат грешките, како што велат, со неизведба на вакви рампи на новиот мост „Генерал Михајло Апостолски“ (кај хотелот „Русија“ во Аеродром), како и на секоја локација каде што недостигаат вакви рампи.
– Идеално ќе беше и од естетски, и од функционален аспект да се проектираа овие рампи заедно со мостот, да претставуваат целина, но и ова е подобро од ништо – потенцираат од „На точак“.
Очекуваат овие пристапни рампи да се целосно функционални по сите стандарди за пристапност.
– Знаеме дека е користен кејот од многу граѓани како транспортна магистрала што ги поврзува западот и истокот на градот на безбеден и пријатен начин за возење. Овие рампи се од огромно значење за секој што сака да се приклучи/исклучи од/на градската сообраќајна мрежа – сметаат од групата скопски велосипедисти.
„На точак“ има доставено барање до Градот за повеќе пристапни рампи по текот на кејот на Вардар уште во ноември 2013 година, но и до институции, политички партии што подготвуваат кампања за локалните избори, советници во Градот итн. Оттогаш досега, нагласуваат дека состојбата е речиси непроменета, дури и влошена на одредени делови.
– За да биде силна една мрежа, мора да се силни слабите точки, во случајот нивовските поврзувања меѓу кејот на Вардар и остатокот од градот – заклучуваат од „На точак“.
(А.П.)