Поставени нови контејнери за рециклирање отпад во сите основни училишта и градинки

35

Општина Ѓорче Петров постави нови контејнери за рециклирање отпад во сите основни училишта и градинки на нејзината територија. Како што велат оттаму станува збор за „еколошка револуција“ и воспоставување на нов стандард во рециклирањето.

Нашата цел е да ги учиме децата од најрана возраст за важноста од правилната селекција на отпад и за грижата за нашата животна средина. Воспитуваме нови генерации млади екохерои. Со оваа иницијатива, верувам дека заедно ќе изградиме посветла и поздрава иднина. Грижата за животната средина започнува од најмладите. Уверен сум дека со заеднички напори не чека посветла и поздрава иднина за нашата заедница – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посакувајќи им на најмладите да станат амбасадори на екологијата.