Општина Битола успешно ја заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“, преку кој беа поставени фотоволтаици на 6 основни училишта. Целосниот инсталиран капацитет на фотоволтаиците во училиштата е 151.80 kWh. Со инсталирањето на фотоволтаиците, ќе се намалат јаглеродните емисии за 177,677 килограми на годишно ниво.

Од локалната самоуправа велат дека училиштата ќе имаат годишна заштеда на средства од околу 15.000 евра. Оваа заштеда ќе биде реинвестирана во училиштата, во зависност од нивните потреби и приоритети.

ОУ „Александар Турунџев“ во с. Кукуречани, ќе произведува 15,872.47 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 15.491,53 килограми. ОУ „Елпида Караманди“ ќе произведува 4,308.14 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 41.292,74 килограми. ОУ „Стив Наумов“ ќе произведува 22,314.50 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 21.778,95 килограми. ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Бистрица ќе произведува 16,645.89 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 16.246,39 килограми. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе произведува 36.511,70 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 35.635,42 килограми. ОУ „Коле Канински“ ќе произведува 48.393,45 kWh, намалувајќи ги јаглеродните емисии годишно за 47.232,01 килограми.

Проектот „Сончеви училишта“ ги поддржува училиштата,  а со тоа и локалната заедница во справување со климатските промени, обезбедувајќи енергетска безбедност и промовирајќи фер зелена транзиција.

ИЗДВОЕНИ