Погачата, или лепчето што се меси за Бадник е секогаш посна.
Состојки:
- 800 гр брашно
- 2 рамни лажички шеќер
- 40 грама свеж квасец
- 450 мл млака вода
- 50 мл масло
- посен маргарин
- сол по желба
Подготовка:
Активирајте го квасецот со малку брашно, шеќер и вода. Потоа додадете масло и постепено додавајте го остатокот од брашното. Замесете тесто и оставете го да нарасне. Кога ќе искисне, направете форми и премачкајте со маргарин. Или едноставно, украсете го минималистички, како бадникарско лепчеПечете на 180 степени 25-30 минути.