ПОСЛУШАЈТЕ ГО ПРЕДЛОГОТ НА ПУТИН! Лавров до Западот – „секогаш кога сте не одбиле ништо добро не излегло од тоа“

747
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

59Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги повика западните земји да ја слушнат мировната иницијатива што ја презентираше рускиот претседател, бидејќи ништо добро не дојде од одбивањето на Западот да ги слушне неговите предлози.

Сега дојдовме до ситуација кога претседателот на Русија уште еднаш повика да не сослушаат, бидејќи секогаш кога Западот ги одбиваше нашите предлози, ништо добро не излегуваше од тоа – рече Лавров по средбата на Путин со раководството на Министерството за надворешни работи на Русија.

Како што рече, Путин ги наведе гестовите на добра волја што Русија ги понуди од Мајдан и од превратот во Украина во 2014 година.

– Претседателот ги наброја сите оние гестови на добра волја и до одреден степен со елементи на отстапки што ги направивме уште од „Мајдан“ и државниот удар во февруари 2014 година. Бројни чекори кои го истакнаа конструктивниот пристап на Русија, нашата желба да ја зачуваме украинската држава, обезбедувајќи секако пријателски однос со нас. Сето тоа беше отфрлено, доследно, грубо, категорично. Сега дојдовме во ситуација кога претседателот уште еднаш повика да не сослушаат – изјави Лавров.

Тој исто така рече дека не е важно дали Западот и верува на Москва, неопходно е западните земји да ја прифатат вистинската состојба на работите. Како што рече, довербата не е термин што може да се користи кога се работи за западната политика.