Голема вознемиреност и гнев донесе сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, околу убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Пред да биде убиена Вања, планерот и реализаторот на убиството, Љупчо Палевски-Палчо ја распрашувал, а потоа без трошка совест пукал во нејзината глава.

  • Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селотејпот, почна да ја прашува како се вика, кој и се татко, мајка. Праша каде работат, рече дека татко и напуштил (не работи), а дека мајка ѝ во А1. Ја праша и за дедо ѝ. Праша од кога живеат во станот. Ѝ бараше телефон од родителите. Ја прашуваше колку станови имаат, рекол Манев на 6 декември.

Потоа, според сведочењето, Вања му рекла да не бара пари од татко ѝ туку од мајка ѝ.

  • Таа рече: „од тато не барај, тој не нѐ сака, од мама барај, сѐ ќе даде за мене, душата ќе ја даде за нас“. Го извадивме девојчето. Таа беше мирна, мислеше дека ќе буде пуштена. Боре рече, влеговме во гомната, ќе тераме. Палевски зеде перниче, ѝ пријде со перницата и испука, додал Манев на 6 декември.

 

ИЗДВОЕНИ