Имаше многу шпекулации за тоа дека Михаел Шумахер, конечно, излегол во јавност, а сега и Џони Херберт проговори за тоа. Поранешниот тимски колега зборуваше за седумкратниот шампион во Ф1, кој доживеа страшна несреќа на скијање, во декември 2013 година и чиј живот оттогаш е обвиен во мистерија.
Семејството прави сè за да се знае што е можно помалку познато за легендарниот Шумахер и, исто така, се бореше законски против сите обиди за откривање во јавноста на детали за неговото здравје и за физичкиот изглед. Неодамна, кога се венчаше неговата ќерка, се појави веста дека бил на свадбата, но сега Џони Херберт ја демантира оваа информација.
- Сè околу него секогаш е затворено. Најновата шпекулација е дека бил на свадбата на својата ќерка, но, за жал, тоа е целосно лажна вест и нема ни трошка вистина во неа – изјави Британецот, кој возеше за Бенетон, Тајрел, Лотус, Заубер, Стјуарт и за Јагуар во текот на 11. години во Формула 1.
Неколкуте детали што излегоа во јавноста беа од поранешниот фронтмен на Формула 1, Жан Тод, еден од ретките што имаат пристап до Шумахер. Тој истакна дека Шумахер е поинаков, дека не му недостига, бидејќи редовно се гледа и поминува време со него.
- Михаел е тука, па не ми недостига. Но, тој едноставно не е истиот каков што беше. Тој е различен и неговите сопруга и деца одлично се грижат за него. Неговиот живот е поинаков. Сега, и јас ја имам привилегијата да споделувам моменти со него. Тоа е сè што имам да кажам – истакна Тод во една пригода.