Поскапуваат горивата, ова се новите цени

17

Од утре поскапуваат сите типови горива, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 76,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 79 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе поскапи за 0,5 денари и ќе изнесува 70,5 денари.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69,5 денари. Цената на мазутот останува иста 45,8 денари по килограм.