Поскапуваат бензините и дизел горивото

24

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/литар.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. и ќе се продава по цена од 74,00 ден/литар.

ИЗДВОЕНИ