Посебно празнично изненадување: Војвотката од Сасекс сподели видео со неочекуваните „гости“ на Велигден“/видео

134

Велигденската прослава во домот на војвотката од Сасекс Меган Маркл оваа година беше малку поспецијална, а сето тоа таа го сподели со фановите на „Инстаграм“.

Маркл објави слатко видео од патка и нејзините пајчиња како шетаат по патека во близина на нејзината вила во Монтесито, Калифорнија, вредна 14 милиони долари, пренесува tportal.

Маркл изгледаше изненадено и воодушевено од „неочекуваните гости“, бидејќи ја покриваше отворената уста со раката и возбудено мавташе со рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan, Duchess of Sussex (@meghan)

„Ви посакувам среќен Велигден исполнет со љубов… и изненадувања! напиша таа во описот на објавата во неделата.

Поранешната ѕвезда на „Suits“, која сега има 43 години, беше боса и облечена во елегантен бел фустан кога го забележа стадото на видеото.

Маркл сè повеќе открива делови од својот имот и имотот на Хари од 18.000 квадратни метри додека ги промовира своите најнови деловни потфати, вклучувајќи го „With Love, Meghan“ на Нетфликс и нејзиниот бренд As Ever.

ИЗДВОЕНИ