Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора

1075

Денеска и утре на сообраќајниците во поширокото централното подрачје на главниот град ќе има посебен режим на сообраќај кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Причината за ваквите мерки е доаѓањето во официјална посета во нашата држава на претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ.

Од СВР Скопје апелираат, сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

 

ИЗДВОЕНИ