Португалија ја објави причината за денешниот прекин на струја

39
РЕН, португалскиот оператор на електроенергетската мрежа,. објави дека пречинот на електрична енергија што ја погоди Португалија е причинет од дефект на шпанската електроенергетска мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.
РЕН објави дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските далноводи.
Тој феномен се нарекува „индуцијарна атмосферска варијација“, која потоа довела до осцилации кои предизвикале дефекти во синхронизацијата на електроенергетските системи.
На тој начин се предизвикани последователни нарушување низ меѓусебно поврзаните еврпски мрежи, додава РЕН.
Поради сложеноста на ситуацијата, РЕН предупредува дека целосно нормализирање на електроенергетската мрежа би можело да потрае и до една недела.

 

ИЗДВОЕНИ