Портпаролката на Европската комисија: Фон дер Лајен е хоспитализирана поради пневмонија

67

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е хоспитализирана поради пневмонија, но сега работи од дома, изјави портпаролката на Комисијата Аријана Подеста.

„Можеме да потврдиме дека претседателот беше хоспитализиран поради лекување на пневмонија и сега се врати дома“, изјави Подеста за Политико.

Таа нагласи дека Фон дер Лајен во ниту еден момент не бил на интензивна нега.

„Таа беше во секојдневен контакт со нејзиниот тим во Комисијата. Сега работи од дома додека продолжува да закрепнува од таа тешка болест“, рече Подеста.

Еуроактив со седиште во Брисел, цитирајќи го портпаролот на Комисијата, кого не го именува, објави дека Фон дер Лајен поминала околу една недела во болница веднаш по новогодишната ноќ.

Ова, посочува Еуроактив, значи дека таа била во болница во моментот кога претставници на Комисијата им рекле на новинарите дека сè уште ги извршува своите обврски и овозможува извршување на работата на Комисијата.

Политико оценува дека откривањето на хоспитализацијата на Фон дер Лајен, повеќе од една недела откако беше објавено дека е болна, отвора прашања за недоволната транспарентност кога е во прашање.

ИЗДВОЕНИ