Поранешниот кошаркар на Торонто, Џонтај Портер, е во големи проблеми, бидејќи му се заканува затворска казна од три до четири години. Сето тоа поради многуте обложувања што ги ставал додека бил активен НБА играч.
На Американецот не може да му помогне тоа што ја признал вината и соработувал со институциите, смета правниот експерт Питер Чеглиди.
- Ова е случај кој беше масовно следен во јавноста. Тоа вклучува однапред смислено и повторено недолично однесување од страна на јавна личност која треба да дејствува како модел. Се сомневам дека каква било соработка со властите ќе му помогне да избегне затворска казна, тврди Чеглиди и продолжува:
- Одбраната ја наведе зависноста од коцкање како олеснителен фактор, што може да му помогне на Портер. Очекувам дека судот ќе биде многу внимателен во овој случај и дека санкцијата ќе комбинира затворска казна и значителен финансиски износ.
Уште во април 2024 година, НБА го објави овој случај, со што официјално објави дека на Портер му е изречена доживотна забрана за настап во најсилната светска кошаркарска лига.