Како што информира в.д. директорката на Конзерваторскиот центар – Скопје, Љиљана Китановска, извршените геодетски снимања, за што е изготвен и геодетски елаборат, покажале дека портата е бесправна градба, која никако не може да биде легализирана и дека треба да се преземат сите законски мерки за итно нејзино отстранување и кривично санкционирање на одговорните лица за бесправното градење.
– Поголемиот дел од портата, од околу 9,50 (9,15) метри, се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија, а помалиот дел од градбата, во должина од околу 6,90 (5,90) метри, се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик. Од Конзерваторскиот центар велат дека за делот што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на чаршискиот амбиент и интегритетот на заштитената целина
Според извештајот на Конзерваторскиот центар – Скопје, направен по спроведените геодетски мерења и по разгледувањето на документацијата, „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир, е бесправна градба, која никако не може да биде легализирана и дека треба да се преземат сите законски мерки за нејзино итно отстранување и кривично санкционирање на одговорните лица за бесправното градење.
Како што информира в.д. директорката на Конзерваторскиот центар – Скопје, Љиљана Китановска, извршените геодетски снимања, за што е изготвен и геодетски елаборат, покажале дека поголемиот дел од портата, од околу 9,50 (9,15) метри, се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија, а помалиот дел од градбата, во должина од околу 6,90 (5,90) метри, се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик.
Од Конзерваторскиот центар велат дека за делот што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на чаршискиот амбиент и интегритетот на заштитената целина.
Воедно, констатираат дека важечкиот детален урбанистички план „Стара чаршија“, донесен во 1999 година со одлука на Советот на Општина Центар, не предвидува никаква градба на предметната локација. Додека за делот што се наоѓа во границите на контактната зона Дуќанџик се применува режимот на заштита од трет степен, кој, исто така, подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на интегритетот на заштитената целина.
Исто така, според важечкиот ДУП „Мавровка“, донесен во 2006 година со одлука на Советот на Општина Чаир, предметната локација е дел од јавна површина – сквер и тука не се предвидени никакви градби.
Како што наведуваат од Конзерваторскиот центар, направената анализа на прописите релевантни за урбана опрема, покажува дека станува збор за градба, а не за натстрешница поставена како урбана опрема.
– Во урбаната опрема, според Законот за градење, генерално спаѓаат и натстрешниците што се поставуваат на јавна површина. За да имаат статус на урбана опрема, треба да исполнат одредени услови определени со одлуката за утврдување на стандардите за поставување времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје. Според одлуката, натстрешница е монтажно-демонтажна направа за заштита од сонце и атмосферски влијанија, со два или повеќе носачи и подвижен покрив од меки материјали (гумирано платно и слично), која е слободностоечка и не смее да биде прицврстена на јавната површина. Од изгледот, конструкцијата, употребените материјали и од начинот на изведба, јасно е дека „поврзувачката порта меѓу Бит-пазар и Старата чаршија“, како што ја нарекуваат од Општина Чаир, не може да биде урбана опрема – децидна е Китановска.
При теренскиот увид извршен на 27.2.2025 година, било утврдено дека предметната градба е поставена на јавна површина, односно на спојот на две улици: „Покриена чаршија“ (КП 13757/1) и „192“ (КП 13759/1), на парцели во државна сопственост. Градбата има основа во форма на благо деформиран правоаголник, со димензии околу 16,40 (15,00) х 4,30 метри.
– Во конструктивна смисла, се состои од вкупно осум челични рамки, фундирани на пет места, односно на почетокот и на крајот по една челична рамка, а на другиот простор, на три места по две челични рамки. Челичните рамки во горниот дел имаат форма на двоводен покрив, профили со пресек од околу 10х20 сантиметри и три различни висини, со што е добиен покрив на три нивоа, покриени со стакло. На одредено растојание под покривот се поставени вкрстени полукружни сводови изведени од цевки со мал пресек, најверојатно повеќе со декоративна улога – појаснува Китановска и додава дека сето тоа упатува дека објектот не е урбана опрема, како што го декларираа од Општина Чаир.
Овој извештај ќе биде доставен до Управата за заштита на културното наследство, а во него ѝ се сугерира да ги преземе сите законски дејства во своја надлежност и да ги задолжи извршителите веднаш да ја отстранат бесправната градба и да ја вратат првобитната состојба на јавниот простор. Воедно, се замолуваат надлежните органи да спроведат постапки за утврдување и санкционирање кривична одговорност на извршителите за бесправно градење и оштетување културно наследство.
(А.П.)