Познатата грчка актерка од филмовите за возрасни, Ина Инаки, која воедно е и продуцент на еротски филмови, го исполни своето ветување кон кошаркарите на Олимпијакос.

Имено, таа му вети на Саша Везенков дека доколку се врати во Олимпијакос од НБА-лигата, ќе може да има пристап до платформата „SugarbabesTV“ до крајот на животот!

Везенков се врати во Олимпијакос, а грчката порноактерка го исполни ветувањето и ги почести сите кошаркари на клубот со месечен бесплатен пристап на споменатата платформа.

Инаку, неодамна беше откриена листата со најплатените играчи во Евролигата, која ја предводи токму Саша Везенков, кој се врати од НБА во Олимпијакос. Бугарскиот кошаркар заработува 4,1 милиони долари годишно и е убедливо прв на листата.

Што се однесува до Олимпијакос, тимот од Пиреа има две победи и еден пораз по три одиграни кола во Евролигата, а Везенков е негов најдобар поединец, кој во просек бележи нешто помалку од 17 поени на натпревар. Секако, оваа понуда од порноактерката е мотив повеќе да биде уште подобар на следните натпревари.

Грчкиот тим денеска гостува кај секогаш незгодниот Анадолу Ефес во Турција, меч од четвртото коло во Евролигата.