Македонската ракометна репрезентација е поразена од Словенија со 26:32 (16:15) на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, во рамите од 3. коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 година.

Избраниците на Кирил Лазаров, одлично го стартуваа мечот и на два пати во првото полувреме имаа по шест гола предност. Но, до полувремето Словенија успеа да намали на минус еден (16:15). Во вториот дел гостите пукаа со сиот свој арсенал, успеаја да направат солидна предност и да ја задржат до крајот на мечот.

Селекторот Кирил Лазаров по мечот ги посочи добрите, но и лошите страни во нашата игра против Словенците.

„Треба да са преспиеме, одигравме одлични 20 минути и не заслуживме само еден гол предност на полуверме. Момците играа прецизно во напад и одбрана. Во голем дел од мечот Словенија беше немоќна, ама нашите играчи беа разочарани по исходот на првиот дел. Се обидовме да им укажеме дека не треба да жалат за тоа што можевме да имаме повеќе предност.

Македонец по забележителен успех е тешко да го држиш свесен и трезвен. Ова е добра лекција за нашиот менталитет. Ние само се повторуваме, не знаеме како Македонци да бидеме константни во повремените успеси. Треба да се работи на менталниот склоп“, изјави по мечот со Словенија, селекторот Кирил Лазаров

Нашата цел е Европското првенство. Сигурно дека ќе жалиме, иако бев резервиран пред мечот. Македонец по забележителен успех е тешко да го држиш свесен и трезвен. Ова е добра лекција за нашиот менталитет. Ние само се повторуваме, не знаеме како Македонци да бидеме константни во повремените успеси. Треба да се работи на менталниот склоп“, изјави Лазаров и додаде:

„Одиме да се надигруваме в недела на гости кај Словенците, ќе ги анализираме нашите грешки кои ги имаше. Можеби во првиот дел толку одеше добро и не сакав да ротирам особено во офанзива бидејќи Кузмановски и Митев беа перфектни. Не е срамота да се загуби од една Словенија. На пак ќе кажам, целта ни е пласманот на шампионатот, заврши селекторот.

Филип Кузмановски беше најефикасен во нашиот национален тим со 10 гола, пред Марко Митев со пет и Жарко Пешевски со четири гола, додека кај гостите, Алекс Влах даде десет гола, Блаж Јанц, погоди седум пати, а голманот Јоже Базник имаше 12 одбрани.

Реванш натпреварот со Словенците се игра во Копер, во недела, од 18:30 часот.

ФОТО: П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ