Порасна на млеко и леб, денес има 150 милиони евра

74

Кариерата на Ромелу Лукаку во последните години е по надолна патека, а кога беше на врвот, пред пет години, неговите трансфери изнесуваа 70, 80, па дури и повеќе од 100 мил. евра, како кога од Интер се пресели во Челзи.

Робусниот Белгиец денес има 31 година и може да си дозволи се што ќе посака, но кога беше момче не беше баш така.

Напаѓачот на Наполи пред неколку години раскажа шокантна приказна за неговото воспитување и што направила неговата мајка Адолфин само за да го нахрани.

„Се сеќавам на точниот момент кога знаев дека сме скршени. Сè уште можам да ја замислам мајка ми до фрижидерот и изгледот на нејзиното лице“, започна Белгиецот и продолжи.

„Имав шест години и дојдов дома на ручек за време на одморот од училиштето. Мајка ми го имаше истото на менито секој ден: леб и млеко. Кога си дете, не ни помислуваш на тоа. Но, претпоставувам дека тоа е она што можевме да си го дозволиме.

Потоа еден ден дојдов дома, влегов во кујната и ја видов мајка ми до фрижидерот со тетрапак млеко, како и обично. Но, овој пат таа мешаше нешто со тоа. Таа се тресеше цела, не разбрав што се случува. Потоа ми го донесе ручекот и се насмевна како се да е во ред. Но, веднаш разбрав што се случува. Мешаше вода со млеко. Немавме доволно пари да издржиме цела недела. Не само сиромашни, туку и без пари. Потоа доаѓав дома навечер и светлата ќе беа исклучени. Две три недели немавме струја. Тогаш ќе сакав да се избањам, но немаше топла вода. Мама ќе го загрееше котелот на шпоретот, а јас ќе стоев под туш и таа ќе ми истураше вода на главата од садот. Имаше дури и моменти кога мајка ми мораше да „позајми“ леб од пекарата. Пекарите ме познаваа мене и мојот помал брат, па ја пуштаа да земе леб во понеделник и да им плати во петок. Знаев дека се мачиме. Но, кога ја измеша водата со млекото, знаев дека е готово, знаеш на што мислам? Ова беше нашиот живот. Не кажав ни збор. Не сакав таа да биде под стрес. Знаев точно што треба да направам и што ќе правам. Не можев да ја гледам мајка ми така. Некои денови доаѓав дома од училиште за да ја најдам мајка ми како плаче. Така конечно еден ден ѝ реков: „Мамо, тоа ќе се промени. Ќе видите. Ќе играм фудбал за Андерлехт и тоа ќе се случи наскоро. Ќе бидеме добро. Нема повеќе да се грижите“, изјави Белгиецот.

На крајот, Лукаку го исполни ветувањето, стана врвен фудбалер, а на неговите трансфери клубовите потрошија над 350 милиони евра. Денес неговото богатство се проценува на 150 мил. евра.

 

 

ИЗДВОЕНИ