Поранешниот советник на Трамп: Од понеделник почнуваат „денови на грмотевица“

93
EPA-EFE/SARAH YENESEL

Стив Бeнон, советникот на Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, во интервју за Политико изјави дека од понеделник ќе дојдат „денови на грмотевица“, веднаш откако новоизбраниот „американски претседател ќе се врати во Белата куќа“.

Тој исто така верува дека вториот мандат на Трамп ќе се води со цврста рака. Тој се потсмева и зборува со иронија за американскиот милијардер Илон Маск и неговата улога во новата администрација, која официјално ќе ја преземе Белата куќа на 20 јануари.

Стив Бенон, во големото интервју за американскиот Политико, изјави дека „шок и стравопочит“ беше концептот на Трамп во 2017 година, додека „денови на грмотевицата“ ќе биде системот што ќе започне во понеделник, на 20 јануари, со неговата инаугурација.

„Мислам дека „деновите на грмотевицата“ ќе бидат неверојатно интензивни и очекувам новата Бела куќа да изгледа многу поразлично од контроверзните и отворени битки што ја одбележаа првата администрација“, рече Бенон, нагласувајќи дека новата администрација ќе биде подобро подготвена и организирана од претходната администрација, која беше обележана со хаотични конфликти во кабинетот.

Бенон нагласи и дека знае оти неговите сојузници, како Томас Хоман, кој е задолжен за границите во новата администрација, и главниот советник на Трамп, Стивен Милер, се подготвени за низа мерки против илегалната миграција.

ИЗДВОЕНИ