Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо осуден на 20 години за примање мито

25

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо вчера беше осуден на 20 години и шест месеци затвор за примање мито во врска со корупцискиот скандал во кој е вмешан бразилскиот градежен гигант „Одебрехт“.

Судот во Лима утврди дека Толедо, кој управуваше со Перу од 2001 до 2006 година, прифатил мито од 35 милиони долари во замена за договор за изградба на делот Меѓуокеански автопат кој го поврзува Рио де Жаниеро со Лима.

Притоа 78-годишникот и нанел финансиска штета на државата, пресуди судот. Случајот, познат како афера „Одебрехт“, се смета за најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка.