Поранешниот комесар на ЕУ за правосудство под истрага поради перење пари

43

Поранешниот европски  комесар за правосудство Дидие Реиндерс е под истрага на белгиските власти поради сомнеж за перење пари, потврди портпаролката на обвинителството во Брисел Ан Шунјанс.

Истрагата е започната во 2023 година по пријава на белгиската Национална лотарија и Единиците за финансиска разузнавачка анализа, пренесе Ројтерс.
Детали за износот на пари и периодот на кој се однесуваат приојавите не се објавени, а Реиндерс не беше достапен за коментар.
Реиндерс беше министер за финансии и министер за надворешни работи на Белгија од 1999 до 2019 година, а од 2019 година до минатиот месец ја вршеше функцијата комесар за правосудство во Европската комисија.
Портпаролот на ЕУ Балаз Ужвари изјави дека белгиските власти не ја контактирале ЕУ во текот на мандатот на Реиндерс.
Тој додаде дека комесарите уживаат ограничен имунитет за службени активности, а за евентуално укинување на тој имунитет одлучуваат сите актуелни членови на Комисијата, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ