Поранешниот италијански и аргентински репрезентативец предизвика голем скандал

98

Италијанците со децении се познати по тоа што имаат огромни проблеми со изливот на расизмот.

По натпреварот во Серија Б, италијанските медиуми имаат еден единствен проблем за кој веќе напишаа стотици страници.

Расизам, а овој пат во главна улога беше поранешниот репрезентативец на Италија и Аргентина, Франко Васкез.

Наводно, Васкез на првенствениот натпревар расистички го нападнал и навредувал фудбалерот на Бари, Мехди Дорвал.

Според италијанските медиуми, поради се што се случило, Дорвал го напуштил натпреварот во солзи, а срамната ситуација се случила пред самиот крај на првото полувреме.

Се чини дека и тренерот на Кремонезе бил запознаен со немилиот настан бидејќи на полувремето го остави Васкез во соблекувалната.

По натпреварот Морено Лонго, тренерот на Бари, застана во одбрана на својот играч.

„Тука сум да го бранам Дорвал и неговото име. Порака до Васкез: „Не може да одиш наоколу и да ги кажуваш твоите срања никому! Ова е 2025 година и сосема е неприфатливо како денеска се однесуваше фудбалерот на Кремонезе“, започна Лонго и додаде: „Сите сме со Дорвал“.

Според Скај Спорт Италија, Васкез би можел да добие голема парична казна доколку таквите тврдења се потврдат, а Кремонезе би можел да остане без него во текот на целиот втор дел од сезоната.

Оваа сезона, 35-годишниот офанзивен играч за врска одигра 25 натпревари во дресот на Кремонезе и постигна девет гола со три асистенции.

Кариерата ја започна со Белграно во Аргентина, а оттаму се пресели во Палермо во 2012 година во трансфер вреден 4,5 милиони евра.

Потоа замина на позајмица во Рајо Ваљекано, а со добрите игри во Палермо реализираше трансфер во Севиља.

Андалузијците тогаш платија 16 милиони евра за неговите услуги во 2016 година.

По пет години минати во Севиља се врати во Италија, овој пат во Парма, каде што остана две години за да му се приклучи на Кремонезе во летото 2023 година.

 

ИЗДВОЕНИ