Гевин Пекок (57) не е непознато име во британскиот фудбал. Тој беше професионален фудбалер од 1987 до 2006 година, играше за младите селекции на англиската репрезентација, а најважните денови во кариерата ги помина во редовите на Њукасл и Челзи. За лондонските „сини“ играше три сезони во кои одигра 103 првенствени натпревари и постигна 17 гола како играч од средниот ред.
Во 2001 година, Гевин ја прекина кариерата кога стана стручен ко-коментатор за време на телевизиските фудбалски преноси, а во 2006 година, неговиот живот одеднаш се промени. Тогаш неговата сопруга тешко се разболе, што го натера да го промени размислувањето за земниот свет и реши да започне да студира теологија и во 2012 година стана протестантски свештеник и се преселил во Канада.
После неколку години, Пекок се враќа во Англија, во својство на свештеник.
„Го одиграв финалето на ФА купот пред 70.000 луѓе, но чувствувам многу поголема одговорност кога ќе одржам миса или предавање за 30 луѓе. Ќе им држам проповеди на младите за верата и фудбалот. Во следната година ова ќе биде целиот мој живот“, изјави тој во интервју за англиските медиуми.