Поранешната сопруга на летонскиот кошаркар неутешна по неговото самоубиство: Морам да го спасам детето, ве молам

229

Украинската пејачка Ана Седокова за прв пат се огласи на Инстаграм откако беше објавено дека нејзиниот поранешен сопруг, летонскиот кошаркар Јанис Тима се самоубил.

Тима е пронајден мртов во хостел во Москва, а си го одзел животот на 32-годишна возраст, на денот кога Ана го славела роденденот.

Седокова објави видео и ги замоли сите следбеници да го држат нејзиното дете подалеку од контроверзи.

Се шпекулира дека Јанис оставил проштална порака во која ја споменува Ана.

Тој долго се бореше со психички проблеми, а неодамна ставија точка на бракот.

„Ве молам многу. Цел живот се прашувам како луѓето на кои им се случува вакво нешто можат да објавуваат приказни. Но, јас имам дете, мало е, не треба ништо од ова да знае, само треба да го спасам моето дете од овие информации“, рече Ана.