Поранешна тенисерка стана калуѓерка во српски манастир: Во светилиштето дошла со Харли Дејвидсон/ВИДЕО

215

Некогаш во рацете држеше тениски рекет, а денес бројаница – на социјалните мрежи големо внимание привлече приказната за Србинката Ана, поранешна тенисерка, сега калуѓерка од манастирот Благовештење Рудничко.

Ана своевремено тренираше и играше тенис, но, сепак, нејзиниот животен пат ја одведе во сосема поинаква насока – од спортските терени до манастир.

Таа во серијата „Балкан трип“ откри детали од нејзината животна трансформација и духовно патување. Она што особено го привлече вниманието е фактот што таа пристигнала во манастирот со мотор – Харли Дејвидсон.

– Да, точно е дека дојдов со бело Харли. Подоцна го продадовме и купивме квад, бидејќи е попрактичен и покорисен овде во манастирот – низ насмевка рече Ана.

Таа се осврна и на нејзината одлука да го напушти тенисот и да оди во манастир…

– Чудни се патиштата Господови. Тука станав калуѓерка. Живеев секаде, последните пет години во Белград пред да дојдам овде. Пред тоа бев во Ванкувер, Чикаго и Кипар.

Таа најчесто патувала поради тенисот.

– Да, тоа беше поврзано со тенисот. Да, човек никогаш не знае каде ќе те однесе животот. Слава на Бога – заклучи монахињата Ана.

ИЗДВОЕНИ