Поранешниот светски шампион во снукер, Грејм Дот (47), е обвинет за силување девојка и момче, пишува британски „Скај Њуз“. Судските документи наведуваат дека Шкотланѓанецот е обвинет за злоупотреба на девојче во 1990-тите, кога таа имала десет години. Наводно и рекол да се соблече, по што и тој самиот се соблекол и ја нападнал.

Дот е обвинет и за сексуално злоупотреба на момче во периодот од 2005 до 2010 година, кога детето имало околу седум години. Тој беше суспендиран од Светската организација за билјард и снукер (WPBSA) и во соопштението го наведе „случајот на Високиот суд во Шкотска“ како причина.

  • Додека трае правната постапка, организацијата нема да излегува со коментари, посочија од организацијата.

Случајот на Дот ќе биде сослушан пред судот во Глазгов во јуни оваа година.

Инаку, тој беше светски шампион во 2006 година во Шефилд, кога го победи Питер Ебдон. Тој беше во финалето во 2004 и 2010 година, но загуби од Рони О’Саливен и Нил Робертсон. Оваа сезона испадна од најдобрите 50 во светот на листата на снукер-играчи.

ИЗДВОЕНИ