Поранешниот фудбалер на Гостивар, Петар Слишковиќ (34), ја заведе познатата актерка Неха Шарма (37). Иако немаше блескава кариера, сепак, врската со атрактивната Индијка е дефинитивно нешто по што ќе остане запаметен. Нему своевремено му предвидуваа голема кариера, но не успеа да ги искористи своите талент и потенцијал, но затоа важи за голем заводник надвор од терените.
Згодната Шарма и поранешниот фудбалер на Маинц неодамна беа фатени во Мумбаи. Тие привлекоа големо внимание кај индиските медиуми.
Последен клуб во неговата кариера беше Гостивар, кој го напушти минатото лето. Она што дефинитивно ќе го памети во кариерата е голот против Борусија Дортмунд на преполниот „Вестфален“, на 19 март 2011 година.