Поранешен директор на кичевската болница си присвоил дониран ЕХО апарат

8

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Т. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.

Тој во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024 во својство на директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, со намера да стекне противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо-апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денара.

Пријавениот ехо-апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид-пандемијата.